Ако ги изземеме секс-роботите, ќе можеме да речеме дека генерално сексот не се променил многу. Сепак, треба да се земе предвид дека се уште има луѓе кои сакаат да го променат ова генерално тврдење. Дали тоа навистина ќе им успее, не се знае, но забавно е да се разгледа што се случува на сцената на секс-технологијата.
BrainStim
Доктор Никол Праус е убедена дека тајната на добриот секс лежи во електричната стимулација на мозокот. Некој веројатно нема да се сложи со тоа, но таа работи на BrainStim, технологија чијашто цел е да го засили или да го намали сексуалниот нагон со лесна електрична стимулација на центрите кои влијаат на желбата за секс. На прв поглед делува како нешто што е осудено на пропаст, зашто лицето на корисничката не влева сигурност, но во денешно време се е можно.
Harmony AI
Непријатно реалиатичните кукли-роботи RealDoll се следниот голем чекор на секс-сцената. Идејата е да ја составите куклата како што претпочитате, а потоа да ја одредите нејзината способност за да имате смислени разговори со своја сексуална робинка. Кристофер Трат од Ендгаџет ја испробал, но тестот не делувал успешно, зашто на неговото прашање за омилена секс-поза, куклата одговара „јас не сум таква девојка“.
Club Vibe 3.OH
Ова е вибратор, но не онаков на каков што сте навикнале, овој вибрира зависно од звуците од вашаа околина, па можете да се возбудувате на звуци од чекори или музика. Ако го понесете во клуб, можете да добиете забава каква што не сте очекувале.
The Mimic
Погледнете ја фотографијата и обидете се да откриете како се користи овој гаџет. Главно, се работи за играчка која е ергономски дизајнирана да ја собере во рака и преку вашата вулва. Освен што е анатомски прилагодена да постигнете колку што е можно поинтензивен оргазам, вибрира, па ја носи целата приказна на повисоко ново.
O.School
За сите кои веруваат дека знаат се за секст, посетете го онлајн предавањето за се што ве интересира и дознајте дека за сексот знаете многу помалку отколку што мислите. Од БДСМ, преку полиаморија се до класичниот секс во врските и како да го направите поинтересен и да го подобрите. Значи, наместо да прашувате по Фејсбук групи, информирајте се на вистинското место.
Потполно нов начин на гледање порнофилмови
Замислете си дека имате играчка или вибратор кој го следи движењењата кои се одвиваат во порнофилмот што го гледате. Освен тоа, вие не мора да правите ништо. Е, Порнхаб подготвува специјализирани видеа кои ќе можете да ги синхронизирате со играчките Fleshlight Launch и Kiiroo Onyx, играчки за дечки, но наскоро ќе има такви и за девојки.
Womanizer 2Go
Изгледа како кармин, но е за други усни. Иваа играчка создава воздушни бранови околу клиторисот, а жените тврдат дека свршуваат за помалку од минута.
B-Vibe
Станува збор за прва компанија која се посветила на производство на висококвалитетни анални вибратори, а овојо ја сликата има две функции – освен што задоволува на класичен начин, има и ротирачки кугли кои имитираат чувство на анилингус. Тврдат дека лудило.
SenseVibe Warm
Уште еден вибратор, но не може да се рече дека е класично помагало. Освен што ја стимулира Г-точката, може да ја контролира темепратурата и ппридонесува за поприродно чувство. Освен тоа, се полни во сопствената футрола, па не мора да го криете.
Biem
Biem е вирална клиника која овозможува видеоразговори со лекари, можете да договорите прегледи, да испратите резултати за мислење и сето тоа е спакувано во една згодна апликација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.