| четврток, 6 декември 2018 |

Драма на сараевскиот аеродром: Слетуваме на слепо па што биде, нека биде! (ВИДЕО)

Поради густата магла што во целост го прекри Сараево, само малкумина пилоти можеле да слетаат на аеродромот во овој град.

aerodrom magla

 

Храбар пилот ги воодушевил патниците кога безбедно го спушти авионот на сараевскиот аеродром и покрај густата магла што го покривала градот.

Еден од нив е и пилотот на авион на Луфтханза, кој полетал од Минхен на 22. декември.

Тој кажал дека за Сараево лета „на среќа, па што биде, нека биде“, велат патниците. Меѓутоа авионот безбедно слетал и патниците го поздравиле пилотот со громогласен аплауз.

Пилотите кои не се осудувале да слетаат на сараевскиот, слетувале на белградскиот аеродром, јавува Радио Сараево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top