| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул со пораз ја стартуваше новата година (видео)

liverpul

Екипата на Јирген Клоп Ливерпул, лошо ја започна календарската 2016 година. По двата триумфа во финишот од претходната година, следуваше пораз на гостувањето кај Вест Хем од 2-0. Тренерот на „чеканите“ Славен Билиќ по цели 50 години успеа со својот тим да му нанесе два пораза во една сезона на Ливерпул.
Двата гола домаќините ги постигнаа со глава на почетокот од првото и второто полувреме. Антонио беше стрелец на првиот погодок во 10. минута со прецизен удар со глава, а судбината на Ливерпул на овој меч ја запечати поранешниот голгетер на овој клуб, Енди Керол, кој исто така со глава го матираше Симон Мињоле.

Гостите најубавата шанса ја пропуштија во финишот од првото полувреме, кога обидот на Емре Џан заврши во гредата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top