| четврток, 6 декември 2018 |

Маж пронајден мртов во хотелска соба во Охрид

­ Во соба во хотелот „Гранит“ во Охрид вчера околу 10 часот пронајден е починат охриѓанецот Владо Д. (65).

полиција

 

Како што соопшти МВР, од страна на лекар констатирана е смрт без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР­ Охрид, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top