| четврток, 6 декември 2018 |

Мишел Обама лани заработила 800.000 долари, а претседателот на САД „само“ 600.000 долари

Претседателот на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел лани остварија приход од 600.000 долари, на што платиле данок од 18,4 отсто.

Како што соопшти Белата куќа, приходите на американскиот претседателски пар лани изнесуваа 608.611 долари. Две третини од приходот се од платата на претседателот Обама.

Американските закони не дозволуваат плата на претседателот повисока од 400.000 долари. Според информациите, остатокот од приходот, Обама го направил со продажба на своите книги.

Заработката на сопругата на американскиот претседател, Мишел Обама, лани е повисока од 800.000 долари. Дел од нивниот имот е потрошен за плаќање на даноци за недвижен имот.

– Претседателскиот пар за добротворни цели лани  донираше 150.000 долари – изјави портпаролот на Белата куќа, Џеј Карни.

Потпретседателот на САД Џо Бајден и неговата сопруга Џил лани заработија 385.072 долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top