Памела Андерсон одлучила да го „отпушти вентилот“ за новогодишната вечер. Таа била со своите пријатели во Мајами, а цела ноќ пиела шампањ и се криела зад очилата за сонце.
Според очевидците таа не била премногу расположена.
– Речиси цела ноќ седела во друштво, а очилата за сонце во ниту еден миг не ги извади. Изгледаше доста пијана, а на моменти и некако отсутна и чудна, изјави еден од присутните.
Памела за дочекот на Новата година облекла тесен црн фустан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.