| четврток, 6 декември 2018 |

Иранска вдовица му предложи брак на Махмуд Ахмадинеџад

Иранска вдовица му предложи брак на претседателот на Ирак, Махмуд Ахмадинеџад за време на неговата посета на северната провинција Сенмам.

На средбата на Ахмадинеџад со избирачите, што се одржала на еден локален стадион, вдовицата се приближила до Ахмадинеџад и посакала тој да ја ожени.

Жената, чие име не е објавено, изјави дека е сериозна во нејзините намери, додавајќи оти во пожар ги изгубила синот и сопругот и не може да живее сама.

Приватниот живот на  Ахмадинеџад се чува во тајност. Тој има сопруга, двајца синови и ќерка, но тие никогаш не се појавуваат во јавност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top