Утрово повторно се отворени две железнички станици во Минхен, откако синоќа на час и половина пред Нова Година, беа затворени поради стравување од терористички напади.
Началникот на полицијата во Минхен Хуберт Андра изјави дека германските власти добиле информација од странска разузнавачка служба дека припадници на ИС планираат напади во градот со пет до седум бомбаши самоубијци. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек и дека 550 полицајци трагаат по осомничените.
Главната железничка станица во Минхен била затворена откако полицијата почна да трага по седуммина осомничени за терористички напади.
Главната станица и околината биле евакуирани на 90 минути пред полноќ, а влезовите биле блокирани со вооружени полицајци.
– Утрово тензиите падна, по кулминација на кризата малку пред полноќ – додаде полицискиот началник.
Неколку стотици илјади луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, каде полиција не пушташе луѓе со железни предмети или во видливо алкохолизирана состојба. Во германската престолнина немало закани за напади.
Полицијата апелира жителите на Минхен да бидат внимателни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)