(Фото: Драгица Николовска)
Концерт кој на иста сцена ќе ги собере хероите на неколку генерации почитувачи на македонската рокенрол сцена, најавува скопскиот бенд „Мугер Фугер“ за 8 февруари во Младинскиот културен центар во Скопје.
Концерот ќе биде прв промотивен настап на албумот „Ла Кања“, еден од најуспешните албуми на македонската рокенрол сцена во 2012 година.
Меѓу гостите на сцената, кои учествуваа и во креирањето на албумот, се најавени Горан Трајкоски (Падот на Византија, Анастасија, Мизар), Драган Гиновски – Гино (Архангел), Сашко Костов, Зоран Тортески (Хармосини, Мизар), Ади Имери, Мухамед Ибрахими и поетот Џабир Дерала.
Специјално изненадување ќе бидат настапите на „Ласт Експедишн“, бендот од кој произлезе „Мугер Фугер“ и реобединување за оваа пригода на проектот „Ексик“.
Пред главниот дел од програмата, публиката ќе ја загрее скопското гаражн-пауер-рок трио „The Black & Vice Social Club“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


