| четврток, 6 декември 2018 |

Не е концерт сѐ на што се пее

При­ли­вот на бал­кан­ски го­сти, кои пос­лед­ни­те две го­ди­ни ја иско­ри­сти­ја се­ко­ја при­го­да и се­ко­ја са­ла низ Ма­ке­до­ни­ја за на­стап, е са­мо ед­на од при­чи­ни­те што ре­тко кој ма­ке­дон­ски му­зи­чар се од­лу­чу­ва за кон­церт. Но, со­се­ди­те не мо­же да ни би­дат ви­нов­ни за сѐ

Ко­га пре­ста­на да се слу­ша ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка? Кол­ку се ви­нов­ни ме­ди­у­ми­те за тоа, но кол­ку и са­ми­те ма­ке­дон­ски му­зи­ча­ри?

За очиг­лед­ни­от проб­лем во ма­ке­дон­ска­та естра­да се ди­ску­ти­ра и се об­ви­ну­ва мно­гу. Се­кој гле­да и об­јас­ну­ва низ сво­ја приз­ма, но фа­кти­те ве­лат де­ка ма­ке­дон­ски­те му­зи­ча­ри кои ја на­пол­ни­ле са­ла­та „Бо­рис Трај­ков­ски“ или „Ме­тро­по­лис аре­на“ се бро­јат на пр­сти. Мо­же­би тоа е го­лем за­лак за нив, но за­тоа пак,  Уни­вер­зал­на са­ла до не­о­дам­на им бе­ше на рас­по­ла­га­ње, но ре­тко кој ја ко­ри­сте­ше.

За мно­гу од пе­ја­чи­те на­ста­пот во но­ќен клуб или на­ста­пот ка­ко дел од „Пи­во­фест“ или „Ви­но­скоп“ и слич­ни­те на нив, се кон­цер­ти и ги нај­а­ву­ва­ат ка­ко та­кви, па и се фа­лат пред кол­ку лу­ѓе „др­же­ле кон­церт“. Но, да не мач­ка­ме очи. Ви­сти­на­та е по­и­на­ква.

Иа­ко ва­жи за ед­на од нај­по­чи­ту­ва­ни­те пе­јач­ки, со ка­ри­е­ра по­дол­га од де­це­ни­ја, со из­да­де­ни не­кол­ку ал­бу­ми и со нај­ус­пе­шен на­стап на „Евро­ви­зи­ја“, Еле­на Ри­сте­ска има­ла са­мо еден го­лем кон­церт во Скоп­је. Таа има без­број на­ста­пи зад се­бе, кул­тур­ни ма­ни­фе­ста­ции или го­сту­ва­ња, но еден кон­церт во „Ме­тро­по­лис“ и тоа 2008 го­ди­на, ко­ја, иа­ко не ви изг­ле­да да­леч­на, да­леч­на е.

13E8E72C9F0763469C8611AA0BEA47CA

Првиот концерт на Елена во „Метрополис“ во 2008 година

Та­ма­ра То­дев­ска ду­ри се­га го пра­ви сво­јот прв со­ли­стич­ки кон­церт. Исто ка­ко и Ри­сте­ска, таа има мно­гу го­сту­ва­ња и ов­де и над­вор од зем­ја­та, на­ста­пи на фе­сти­ва­ли и на „Евро­ви­зи­ја“, но овој но­ем­ври, по око­лу 15 го­ди­ни ус­пеш­на ка­ри­е­ра, за прв­пат пра­ви со­ли­стич­ки кон­церт.

На „Бо­рис Трај­ков­ски“ сѐ уште се гле­да ка­ко го­лем за­лак. Но, факт е де­ка лес­но се пол­ни ко­га пуб­ли­ка­та го има она што го са­ка. До пос­лед­но стол­че и ме­сто на пар­те­рот беа ис­пол­не­ти кон­цер­ти­те на ра­пе­ри­те То­ни Зен, на Мар­ко Ма­рин­ко­виќ-Сла­ткар, ка­ко и на Игор Џам­ба­зов, кој за го­ди­на­ва нај­а­ви нов кон­церт во „Ме­тро­по­лис аре­на“. На Ка­ро­ли­на, пак, не­кол­ку­па­ти и трг­на од ра­ка та­му, без раз­ли­ка да­ли со пес­ни­те од поп-ал­бу­ми­те, аку­стич­ни­от кон­церт од пред не­ко­ја го­ди­на или со про­е­ктот „Ма­ке­дон­ско де­вој­че“. Ду­ке Бо­ја­џи­ев е еден од оние ре­тки­те кои ус­пе­ва­ат да на­пра­ват од­ли­чен кон­церт, а на по­че­то­кот на го­ди­на­та што до­а­ѓа во не­го­ва­та аген­да е пол­не­ње на „Ме­тро­по­лис аре­на“.

vlatko[14]

Влатко во „Борис Трајковски“ пред 5 години

Пред не­кол­ку го­ди­ни, по­ве­ќе­то го кри­ти­ку­ваа и го ку­деа Вла­тко Или­ев­ски де­ка со­си­ла и со гра­ти­си ја на­пол­нил „Бо­рис Трај­ков­ски“, но не са­мо во 2010 го­ди­на, ту­ку и до­се­га, не­го­ви­от кон­церт оста­ну­ва еден од нај­го­ле­ми­те на не­кој ма­ке­дон­ски из­ве­ду­вач. Тој ва­ка или та­ка, си го за­пи­ша овој ус­пех во му­зич­ка­та би­о­гра­фи­ја. Зго­ра на сѐ, не­кол­ку го­ди­ни на 14 фе­вру­а­ри  ја пол­не­ше Уни­вер­зал­на са­ла одр­жу­вај­ќи кон­церт за си­те вљу­бе­ни што го са­ка­ат ви­но­то.

Не­ка не би­де баш оваа аре­на, не­ка би­де „Ме­тро­по­лис“. По­пол­не­та бил са­мо од „Су­пер­хикс“, „Но­ка­ут“ и од „ДНК“.

Уни­вер­зал­на са­ла, пак, ко­ја мо­же­би е по­ма­ла, но е да­ле­ку од ма­ла, ус­пе­а­ле да ја на­пол­нат мно­гу ма­ке­дон­ски пе­ја­чи за кои не би ви се ве­ру­ва­ло де­ка ќе ја на­пол­нат.

Но, ни во неа не­ма­ле кон­церт лич­но­сти кои ва­жат за по­чи­ту­ва­ни пе­ја­чи и кои со го­ди­ни се при­сут­ни на сце­на­та.

Vesna bejbi koncert (2) (Custom)

Хуманитарен концерт на Весна Бејби

Кри­сти­на Ар­на­у­до­ва ни­ко­гаш не­ма­ла кон­церт, би­ло да е го­лем или мал. Пе­јач­ка­та има мно­гу на­ста­пи по фе­сти­ва­ли, ал­бу­ми, ви­де­ос­по­то­ви, хи­то­ви, но во 20 го­ди­ни ка­ри­е­ра ни­ко­гаш се не­ма од­лу­че­но да ор­га­ни­зи­ра не­што со­ли­стич­ко во Скоп­је.

Би­о­гра­фи­ја­та на Да­ни Ди­ми­тров­ска е на­ви­сти­на бо­га­та. Во неа се­пак, фа­ли ед­на точ­ка – кон­церт.

Би­ба До­де­ва на сце­на­та е од 1993 го­ди­на. Се слу­чу­ва­ло да има и се­кој ден свир­ки, но кол­ку и да се тие ус­пеш­ни и по­се­те­ни, не се кон­церт.

Scena94-Biba-Dodeva-Makfest-740x320-top

Биба како победик на „Макфест“ 2014 година

Но, што е и со оние што се по­кра­тко на му­зич­ка­та сце­на, но се­пак ва­жат за по­пу­лар­ни?

За Ви­кто­ри­ја Ло­ба се­којд­нев­но чи­та­ме по ме­ди­у­ми­те, но згод­на­та Ру­син­ка не са­мо што има мно­гу кра­тка ди­ско­гра­фи­ја, ту­ку зад се­бе не­ма кон­церт.

Иа­ко ор­га­ни­зи­ра­ле кон­цер­ти во дру­ги гра­до­ви од Ма­ке­до­ни­ја, без по­пол­не­та ба­рем Уни­вер­зал­на са­ла или МОБ, за­се­га оста­ну­ва­ат и Ди­ми­тар Ан­до­нов­ски и Вла­тко Ло­за­но­ски – Ло­за­но.

Го­лем дел од пе­ја­чи­те че­сто из­ја­ву­ваа де­ка не се чув­ству­ва­ат под­го­тве­ни за та­кво не­што (и по 20-го­диш­на ка­ри­е­ра) или де­ка, ед­но­став­но, се­га не е ви­стин­ско­то вре­ме за кон­церт.

tajzi-5

Тајзи пред концертот во „Универзална сала“

Во вре­ме ко­га ври­е­ше од срп­ски го­сти, мла­ди­от ку­ма­но­вец Дра­ган Ве­лич­ков­ски – Тај­зи на­пра­ви и тоа ка­ко ус­пе­шен кон­церт. Мно­гу од фолк-пе­ја­чи­те пак, ги иско­ри­сти­ја сво­и­те ју­би­леи и ја иско­ри­сти­ја Уни­вер­зал­на са­ла пред да се ру­ши.

За по­тсе­ту­ва­ње, оваа са­ла не­ко­гаш ја иско­ри­сти­ја за кон­церт и два­па­ти ја пол­неа Јо­ван Јо­ва­нов и Ел­вир Ме­ќиќ, ка­ко и „Ду­ле и Ко­ки“. Кон­церт та­му има­ле и „Сил­ви бенд“ и Ѓор­ги Кр­стев­ски.

На ка­ри­е­ра­та на То­ше Про­е­ски сѐ уште се гле­да ка­ко на не­воз­мож­на ми­си­ја. Но, на Про­е­ски и без ја­ки ме­на­џе­ри или дру­ги фа­кто­ри, во вре­ме­то ко­га бе­ше са­мо го­ди­на или две на му­зич­ка­та сце­на, му ус­пеа да ги со­бе­ре сво­и­те обо­жа­ва­те­ли на сво­јот прв кон­церт, кол­ку и да вр­не­ше, кол­ку и да бе­ше ло­шо вре­ме­то, кол­ку и да бе­ше „ра­но“ да го пра­ви тоа.

 

Пишува: Марина Костовска
(Текст објавен во 166. број на неделникот „Република“, 06.11.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top