Српската власт се уште крие што се наоѓа во 11-те вреќи со работите на Тито кои се депонирани во трезорот на Народната бакна на Србија, уште од 10 април 1982 година.
Трезорот беше отворен без присуство на судот и наследниците на Тито, туку само во присуство на тричлена државна комисија предводена од Оливер Антиќ, советникот на Томислав Николиќ.
Портпаролот на Основсниот суд Гордана Вуковиќ, за српски Блиц, изјави дека отворањето на депото не било во нивна надлежност, туку исклучиво во надлежност на тричлената комисија.
Вниката на Тито, ќерката на Жарко, Светлана Броз најави дека преку аквокат ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Томислав Николиќ поради кршење на европската конвенција за човекови права и правата на правично и фер судење во оставинска постапка, затоа што никој од титовите наследници или предтсваник од Основниот суд не биле повикани на отворање на депото.
-Претседателот на државата си дава себе си за право да формира некаква комисија која навлегува во приватната сопственост на еден починат човек, чија оставинска постапка не може да заврши цели 30 години, изјави Светлана Броз за „Блиц“.
Според неа Николиќ се поставува себе си над судската власт и затоа таа е подготвена да оди и до Меѓународен суд за правдата во Стразбур.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.