Најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ, беше еден од предводниците на својот тим Фенербахче во победата од првото коло од топ-16 фаза против Панатенаикос од 82-75.
Турскиот гигант одлично го отвори натпреварот и направи серија од 14-0. Панатинаикос се врати, па на крајот приреди неизвесна завршница (63-60). Антиќ блесна кога беше најпотребно и со вкупно 12 поени и 5 скока донесе триумф за Фенер на стартот на кошаркарската Евролига.
Најефикасен кошаркар за Фенер беше Удо со 16 поени, а Датоме додаде уште 15, додека кај Панатинаикос најмногу се истакна српскиот репрезентативец Мирлсав Радуљица со 14 поени. Наредниот меч во ТОП-16 фазата во Евролигата Фенер и Антиќ го играат на гостински терен во Белград против Ц.Звезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)