| четврток, 6 декември 2018 |

Новогодишен концерт на Македонската опера и балет

Македонската опера и балет утревечер од 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе одржи Новогодишен концерт на кој ќе настапи целиот ансамбл на МОБ, солисти,  Хорот и Оркестарот под диригентство на Борјан Цанев.

Солисти на концертот ќе бидат сопранистката Ана Дурловски, тенорот Михаило Арсенски и баритонот Марјан Јованоски.  На програмата се најпознатите дела од Штраус, Штраус помладиот и оперетнит мајстор Калман.

Балетски солисти на концертот се Мими Поп Алексова-Атанасовска, Василиј Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ивана Коцевска, Игор Велјановски, Билјана Басмаџиева и Дојчин Дочев (Бугарија).

Режисер е Дејан Пројковски, кореограф Олга Панго, костимограф Марија Пупучевска.

– Во ритамот на валцери и полки, ја пренесуваме виенската магија во Скопје, информираше МОБ најавувајќи го концертот кој од 2015 година го организира на првиот ден од Новата година. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top