| четврток, 6 декември 2018 |

Кај граничниот премин Богородица ќе никне нова населба

На 100 хектари површина, на влезот во Гевгелија во близина на граничниот  премин Богордица, ќе се гради нова населба. Општина Гевгелија го усвои нацрт – урбанистичкиот план кој предвидува, на седум урбани блокови да се изгради цела населба со индивидуални куќи за домување, здравствени и образовни објекти, црква, спортски терени..но и изградба на хотелски капацитети – објави Фактор.

Цела населба со куќи но и хотели и трговски центри ќе се гради во Гевгелија.Од општината Гевгелија најавуваат дека на потегот кон граничниот премин на површина од 100 хектари ќе никне цел туристички град. Градоначалникот Иван Франгов, е убеден дека ако имаме интересна понуда во близина на граничниот премин, Гевгелија како град, но и целата земја, можат многу да профитираат од фактот што годишно преку границата поминуваат од 4 до 6 милиони туристи.

-Сакаме да има освен маркети и „аутлети“ нешто што е многу популарно на запад и што функционира токму на влез или излез од некоја држава. Ќе се изградат и трговски единици, угостителски капацитети..всушност сакаме населеното место Богородица да стане вистинска урбанзирирана населба“, вели градоначалникот Франгов.

Две од парцелите за изградба на хотел и трговски центар, се веќе продадени. На јавно наддавање лани, фирмите „Дивелоп Груп“  и „Инвестен“ги купија парцелите, но од општината велат дека нивната изградба се уште не е почната оти се чекало Владата да изгради надвозник на двете ленти од автопатот.

„Дивелоп Груп“е веќе актуелна со градба на хотелот „Мериот“ во Скопје, акомпанијата има купено парцела и во Охрид за изградба на хотел.За парцелата во Гевгелија, која е со големина од 16 илјади метри квадртани, инвеститорот плати 66 илјади евра, а според договорот, таму треба да никне хотел на 10 ката.

Фирмата„ Инвестен“ пак,земјиштето со големина од близу 32 илјади метри квадратни за изградба на трговски центар, го купи за 340 илјади евра. Објектот треба да биде изграден на пет ката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top