| четврток, 6 декември 2018 |

Пристига најголемо невреме во историјата: температурите ќе пораснат за 30 Целзиусови степени

Голема промена на времето ќе го донесе невремето наречено Франк до Британското острово кое во исто време може да ја покачи температурата на Северниот пол за дури 30 Целзиусови степени.

thinkstockphotos-103585564

Иако кај нас високите декемвриски температури полека се спуштаат на нормала, на северот ситуацијата е далеку поинаква. Временските промени на северниот Атлантик  ги предизвикаа врнежите кои беа преголеми дури и за вообичаената дождлива Англија, што пак резултираше со големи поплави. А сега се очекува исландско невреме кое би можело да ја донесе една од најголемите временски  непогодности  на Атлантикот во историјата на мерењето.

Невремето веќе предизвика  големи разорувања во Соединетите Држави, особено на подрачјето околу Далас, каде го прекри Тексас со снег. Откако ќе тргне преку северниот Атлантик кон Европа, притисокот толку ќе падне што ќе создаде таканаречена „циклонска бомба“ која пак ќе предизвика големи невремиња, пишува британскиот Индепендент.

Тоа значи дека доколку се остварат црните прогнози  кога ќе дојде до Исланд невремето Франк ќе биде едно од најголемите северноатлански невремиња во историјата. Тоа би требало да резултира и со оркански ветришта низ северниот Атлантик.

thinkstockphotos-472492518

Невремето  би требало да и донесе на Британија нова рунда на екстремни временски не прилики и тоа во време кога тие подрачја ќе почнат да закрепнуваат од поплавите. Орканските ветришта ќе удираат по западните и северните делови на обединетото Кралство и со себе би можеле да донесат нови врнежи кои повторно ќе предизвикаат поплави.

Но пред главното невреме ќе се движи огромно количество на топол воздух, за кој се прогнозира дека ќе тргне кон север, кон Арктик. Тој топлотен бран би требало да ја крене температурата на Северниот пол за дури 30 Целзиусови степени над просекот, па наместо вообичаената температура од -29 Целзиусови степени се очекува температура од 0 Целзиусови степени.

Поради краткотрајното топло време на Арктик, климата во Европа веројатно на кус период ќе залади што пак би требало да и донесе крај на досегашната топла зима.

oluja

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top