Владимир Потанин е најбогатиот Русин на крајот на 2015 година, покажуваат податоците на „Блумберг“. На почетокот на 2016 година тој ќе наполни 55 години, а неговото богатство се проценува на 14,7 милијарди долари и му го обезбедуви 54-тото место на најпрестижната светска ранг-листа. Пред судот тој тврди дека не располага со слично богатство и дека веќе е само милионер.
Вкупно 14 Руси се рангирани меѓу 400 најбогати луѓе во светот, а вкупното богатство им се проценува на 145.7 милијарди долари или за 8 милијарди долари помалку во однос на претходната година.
Втор на листата е Леонид Микелсон со 13 милијарди долари, а трет е Виктор Векселберг со 12,6 милијарди долари. Во топ пет се најдоа уште Алексеј Мордашов и Михаил Фридман, чие богатство се проценува на 12,4 и 12,1 милијарди долари.
Еден од првите инвеститори на „Фејсбук“ Алишер Усманов, денес има 12 милијарди долари. Денес тој го поседува и рускиот мобилен оператор „Мегафон“ и 48 проценти од производителот на железна руда „Металоинвест“.
Седмата позиција меѓу најбогатите Руси е за Роман Абрамович. Тој има 11,5 милијарди долари, а само во 2015 година изгубил 1,3 милијарди долари.
Другите двајца руски милијардери, кои често се сретнуваат во медиумите, се Михаил Прохоров и Дмитриј Риболовлев, кои се 8. и 9. со 10 милијарди долари и 9,3 милијарди долари.
Десетти е најмладиот на листата, Сергеј Галицкиј (48 години), основач на „Магнит“, најголемата компанија за трговија на мало во земјата. Таа поседува 10.728 продавницата во Русија, а неговото богатство се проценува на 8,8 милијарди долари.
Герман Кан, Владимир Лисин и Вагит Алекперов се рангирани од 11. до 13. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.