Заборавете на депресивната листа со одлуки и започнете ја новата година на позитивен начин така што ќе ги направите овие три нешта во текот на два дена. Најчесто новогодишните одлуки остануваат само на хартијата каде што биле запишани, предизвикувајќи ни незадоволство и чувство на неуспех во текот на целата година. За да го спречите тоа, фокусирајте се само на овие три нешта и веднаш ќе го забележите нивниот моќен позитивен ефект.
1.Составете листа од вашите најголеми достигнувања во 2015 година
Новогодишната листа не мора секогаш да содржи нешта што сте ги направиле погрешно или пак, цели кои не сте ги оствариле (а би требало). Баш напротив, листата која сите би требало да ја направиме и на која сигурно ќе бидеме горди е онаа која ги содржи сите наши неодамнешни успеси. Сетете се на сите препреки кои сте ги прескокнале со голема храброст, како и на солзите и насмевките на вашето лице (дури и тогаш кога не испаднало сè како што сте сакале). Потсетете се и на оние нешта што сте ги направиле за вашите најблиски, како и на сите успешно завршени задачи, мали и големи животни проблеми и храбри продолжувања нанапред.
2.Составете листа од сите оние нешта за кои сте биле благодарни оваа година
Новата година е време кога размислуваме што треба да промениме во нашиот живот со цел да бидеме посреќни. Но, пред да почнете да ги барате критиките, направете нешто што ќе го подобри вашето расположение и на што сте горди. Направете листа на сите оние позитивни нешта кои ви се случиле оваа година и на кои можете да бидете благодарни. Без разлика дали станува збор за родителство, здравје, нова врска, обновување старо пријателство или одлична работна година, вие имате многу нешта за кои можете да бидете благодарни.
3.Составете листа од оние нешта кои едвај чекате да ви се случат во 2016 година
Иако никогаш не можеме со сигурност да знаеме што ни носи иднината, сепак, можеме да издвоиме неколку нешта (мали или големи) кои едвај чекаме да ни се случат во текот на следната година. Се радувате на свадбата за вашата блиска пријателка (или организирањето на својата)? Едвај чекате да излезе следното продолжение од филмот или серијата која долго сте ги чекале? Треба да ја земете вашата диплома? Ова се само дел од нештата кои можеби не се случуваат секогаш според планот, но и самата помисла на нив може да измами насмевка на вашето лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.