Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да усвои предлог-одлука за разрешување на Виолета Дума, член на Државната изборна комисија (ДИК).
Дума ќе биде разрешена од оваа функција бидејќи ги исполнува условите за заминување во пензија. Таа неодамна беше избрана на оваа функција на предлог на СДСМ.
Претседателот на Комисијата, Зоран Илиовски, појаснува дека за пополнување на местото член на ДИК на предлог на СДСМ ќе биде распишен јавен оглас.
Се очекува ДИК денеска да одржи седница на која треба да биде избран генерален секретар на Комисијата. Според информациите од ДИК, на огласот што беше распишан се пријавиле 14 кандидати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот