-Кога ги видов сликите од 24 декември, ми дојде да плачам. Верувам дека така се чувствуваше и народот. Затоа е многу важно да постои политички договор во државата – изјавува поранешниот евроамбасадор во Македонија, Ерван Фуере во интервју за „24 Вести“. Тој смета дека лошите слики од 24 декември можеле да бидат избегнати и вооптшо да не се случат.
– Сега треба партиите да посегнат една кон друга, затоа што во прашање е имиџот и иднината на Македонија. Примарна е одговорноста на власта. Сега мора да се биде далекувид и Владата мора да преземе одговорноста и да ја подаде раката на помирување, затоа што власта е во нејзини раце. Опозицијата, пак, треба да го прифати тоа – додава Фуере.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


