Македонската публика вечерва 29 декември, 30 декември и 4. и 5 јануари ќе има можност во Македонскиот народен тертар (МНТ) да го проследи првиот лиценциран мјузикл во Македонија „Чикаго”, кој е во копродукција на МНТ, МОБ и Факултетот за музички уметности. Овој музички спектакл во режија на Наташа Поплавска.
За режисерката Поплавска, борбата да се донесе и постави „Чикаго” во Македонија е завршена.
– Нашата публика е жедна за мјузикл. „Чикаго“ се игра во многу земји и среќна сум што на бродвејската мапа на „Чикаго“ стои МНТ. А тоа е успех за сите нас – истакна Поплавска која посочи дека учесниците од сите три национални куќи успешно се справиле со сите предизвици.
Главната актерка Јелена Јованова која во овој мјузикл, по текст на Фред Еб и Боб Фоси ја игра Рокси Харт, истакна дека улогата беше предизвик, а учеството во мјузиклот голем напор, но и слатки маки.
Арна Шијак во мјузиклот ја игра Вилма Кели, а Тања Кочовска е Мама Моротн.
Билјана ДрагичевиќПројковска која ја има улогата на Мери Саншајн. На Жарко Димовски (театар Комедија) му е доделена улогата на Били Флин, а Ивица Димитријевиќ е Ејмос Харт. Во мјузиклот играат и Ана Стојановска (Ени, Кити), Тина Трпковска (Џун), Билјана Јовановска (Ханијак), Нина Деан (Лиз) и други.
За костимите беше задолжен Александар Ношпал, а голема улога во мјузиклот имаат и балетот, хорот и оркестарот на МОБ со кој ќе диригира Бисера Чадловска. Олга Панго е кореографката на мјузиклот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат


