| четврток, 6 декември 2018 |

По што се разликуваат Балканците од останатите?

Балканците по многу културни карактеристики се разликуваат од другите групи народи.

За нас кои живееме на Балканот, многу работи се „нормални“, бидејќи имаме слични обичаи и однесувања. Меѓутоа, во земјите кои се населиле народи од разни делови на светот како што се Америка, Австралија и Канада, културолошките разлики се многу изразени.

Овие неколку работи ги издвоиме по кои балканските и словенските семејства се разликуваат од другите:

1. Собата ја делиш со уште некој до својата 27 година.

2. Се што јадеш има во него бел или црвен кромид.

3. На аеродром твоите два куфери се најголеми.

4. Доаѓаш на прослава со два часа задоцнување и мислиш дека тоа е сосема нормално.

5. Сите твои деца имаат прекари кои немаат никаква врска со нивното вистинско име.

6. Кога си одиш од нечија куќа, по саат време зборувате на врата.

7. Мајка ти ти кажува дека си преслаба иако имаш 5 кг повеќе.

8. Куќата ти е полна со народни лекови, направени од билки кои твоите родители ги донеле од село.

9. Ти и твоите пријатели барем еднаш од ресторан сте биле исфрлени бидејќи сте биле премногу гласни или сте се глупирале.

10. Не умееш да ја користиш машината за перење садови, бидејќи ти е полесно да ги измиеш рачно.

11. Имаш милје на маса или на полиците.

12. Употребуваш пластични кеси од продавница за да фрлаш ѓубре во нив.

13. Не користиш мерило кога правиш колачи, туку состојките ги ставаш „отприлика“.

14. Мајка ти ти се јавува да праша дали си јадел, иако веќе долго не живееш со неа.

15. Твоите родители и понатаму се дерат од цел глас кога разговараат по телефон со некој од странство.

16. Целосно нормално е да на твојата свадба има 600 гости.

17. Твоите родители отишле на одмор само еднаш во животот и тоа во својата земја.

18. Веруваш дека судбината ти е исцртана во шолја кафе.

19. И веруваш на својата баба кога вели дека промајата убива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top