
Контра удар за цената за дигитализација на ОНЕ. Четирите национални телевизии Канал 5, Алсат М, Сител и Телма се обединија против висината на надоместокот за дигитализација што операторот ОНЕ има обврска да ја спроведе до 1 јуни.
Тоа националните ТВ куќи ќе ги чини фрапантни близу 150 илјади евра годишно по медиум. Цената е висока, економски неоправдана и неприфатлива, но и без гаранции за квалитет, коментираат четирите национални телевизии.
Ќе го радикализираат отпорот против драконските цени за дигитализација што треба да ја спроведе ОНЕ. Какви чекори ќе преземат ќе информираат од понеделник.
Тие веќе ковертираа барање до фирмата ќерка на ОНЕ. Ја повикаа Диги Плус Мултимедија во рок од седум дена да го ослободи декодираниот сигнал кој го емитува Ди Ви Би ТИ платформата БУМ ТВ. Така граѓаните ќе може да ги гледаат програмите на Канал 5, но и останатите национални телевизии во дигитален сигнал.
– Следствено на договорите за реемитување на програмските сервиси бараме во рок од седум дена да извршите ослободување на нашите ТВ канали на вашата јавна комуникациска мрежа позната како БУМ ТВ, стои во писмото.
Во известувањето до Диги Плус Мултимедија четирите национални телевизии информираат дека во договорите од 26 март 2010 прецизно се уредени взаемните обврски што подразбира пренос на сигналите преку јавната комуникациска мрежа за дигитални тв услуги во наредните десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


