Ќе се реконципира музејската поставка во кинотека на Македонија и ќе се дигитализираат нови македонски филмови. Проектот за реконципирање на музејската поставка се очекува да биде завршен до крајот на идната година, каде ќе биде претставена целокупната слика за развојот на македонската кинематографија, особено со работата на „Вардар филм“ кој повеќе од 40 години беше единствениот македонски филмски продуцент.
Во делот на внатрешниот партер каде ќе биде поставена музејската поставка ќе овозможи соодветна заштита и промоција на вредни експонати кои имаат историска вредност на македонската кинематографија и култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.