Адријана Лима со години ја освојува модната сцена со нејзината несекојдневна убавина.
Познатата убавица често пати потенцира дека за идеална линија е потребно да се помине многу време во теретана, да се води грижа околу исхраната и секако да се негува кожата.
Рецептот на Лима го пропагира и Џенифер Лопез која исто така ја смеаат за една од најубавите жени во светот.
Но освен советите од овие две познати дами може да заклучиме дека и гените имаат своја заслуга за нивната убавина. Адријана и Лима речиси во исто време споделија фотографии од нивните мајки кои се очигледен доказ дека убавината е наследна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.