| четврток, 6 декември 2018 |

Оланд му честита на Абади за ослободувањето на Рамади

ramadi mapФранцускиот претседател Франсоа Оланд му честита на ирачкиот премиер Хајдер ал Абади за ослободувањето на Рамади од силите на Исламската држава, велејќи дека тоа е „значаен чекор напред“.

Ирачките сили денеска презедоа контрола и врз последното преостанато упориште на ИД во Рамади, а ирачката воена команда го прогласи градот за целосно слободен, јавија ирачките медиуми.

– Оланд му честита на Абади за ослободувањето на Рамади што претставува најзначајна победа од почетокот на борбата против терористичката организација Даеш (Исламската држава), соопшти канцеларијата на претседателот Оланд по телефонскиот разговор на двајцата лидери.

Ирачките сили претходно подигнаа национално знаме над комплексот на Владата во центарот на Рамади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top