| четврток, 6 декември 2018 |

Се бараат долгорочни мерки за квалитетен воздух

cist vozduh„Излези за воздух“ беше мотото на протестот кој попладнето се одржа пред Владата на РМ инициран од  дваесетина граѓански здруженија и организации. Граѓаните реагираат на континуираното загадување на воздухот и високиот индекс на ПМ10 честички во Скопје, Тетово и во други градови низ државата. Бараат да се преземат конкретни мерки за да се спречи или да се намали загаденоста, да се дискутираат мерки на среден и долг рок за постигнување квалитетен воздух.

Владата вчера на вонредна седница донесе неколку заклучоци и препораки, меѓу кои до 4 јануари во Скопје и Тетово ослободени од работа да бидат бремените жени, лицата над 60-годишна возраст со респираторни и кардиоваскуларни заболувања, како и лица под 60 години со дијагноза астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top