Денеска во Владата на Република Македонија на прием кај премиерот Никола Груевски беа четири спортски великани кои нашата држава ги има.
Кире Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими се именувани за спортски амбасадори на нашата земја и имаат големи заслуги за презентирање на Македонија надвор од границите преку спортот.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација која интезивно се подготовува за престојното Европско првенство во Полска што започнува на 15.јануари, Кире Лазаров е благодарен за укажаната доверба од неговата држава. Тој напомена дека повеќе од 15 години го носи националниот дрес, и секако достојно ја презентира Македонија и секаде каде настапува на клупски план.
– Огромна чест ми е како долгодишен репрезентативец на Македонија, повеќе од 15 години и секако и во клубовите за кои сум настапувал во интернациналната кариера. Сакам да изразам благодарност до премиерот Никола Груевски за оваа укажана доверба. Ќе се обидеме и во иднина како спортски амбасадори и после завршување на кариерите да ја презентираме Македонија во најдобро светло и да допринесеме со нашето искуство кое го имаме стекнато сите овие години. И во иднина ќе се трудам да го подобриме квалитетот на нашиот спорт и надвор од нашите граници. Македонскиот народ секогаш бил сплотен кога се работи за македонскиот спорт, а ние како избрани од Владата на Република Македонија ќе продолжиме уште повеќе да ја презентираме нашата држава.
Легендата на македонскиот фудбал и првио селектор на нашата држава, Андон Дончевски, изјави дека ова за него е најголемото признание кој го добил во животот.
– Благодарам за ова признание. Навистина најголемото што сум го добил во мојот живот. Тоа значи дека некој се сетил на мене да ми го вреднува трудот што сум го дал за нашата држава и за Вардар. Голема чест за мене што Премиерот ме назначи за спортски амбасадор и што се наоѓам меѓу овие великани, како Кире, Јошко и Агим. Ќе продолжам да работам за македонскиот фудбал, и секако ќе ги следам идните потенцијални репрезентативци во Австралија кои имаат македонско потекло.
Долгогодишниот селектор на одбојкараската репрезентација на Македонија кој повеќе од пет години е тренер во Турција, Јошко Миленковски е еден од спортските амбасадори.
– Голема благодарност за ова признание. Ова е голема привилегија за мене е да се биде во друштво со овие великани на нашиот спорт. Јас како дологодишен селектор на одбојкарската репрезентација на Македонија а сега како спортски репрезент во Република Турција повеќе од пет години, верувам дека со успех ја презентирам нашата држава на спортски план. Верувам дека уште долги години ќе бидам вистински спортски амбасадор.
Еден од најдобрите фудбалери на Македонија кој со години наназад е вистински репрезент на нашта држава во меѓународни рамки е секако и членот на Марибор, Агим Ибраими.
– Големо е задоволството да се биде тука и да се добие едно вакво признание со великани како што се Кире, Јошко и чичко Дончо. Се надевам и верувам дека и иднина ќе дадам се од себе да ја презентирам Република Македонија во најдобро светло.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)