Овој метод на дишење го развил доктор Ендру Вејл, харвардски лекар, кој ја проучувал медитацијата и техниките на дишење, и како тие можат да бидат од голема корист во борбата против стрес на срцето. По многу експерименти доктор Ендру Вејл дошол до едноставен метод на дишење, чие име е „4-7-8“.
Тој метод е идеален кога сте под силен стрес, или срцето ви чука забрзано, кога сте вознемирени или не можете да заспиете.
Кога се луѓето вознемирени или се под стрес, ендокриниот систем испушта адреналин. Тоа ги забрзува отлукувањата на срцето, дишењето станува забрзано и плитко и човекот почнува да се чувствува вознемирено и лошо. Со користењето на овој метод на дишење се докажа дека доаѓа о поништување на делувањето на адреналинот и телото е принудено да го забави срцевиот ритам. На почеток може да почувствувате блага непријатност, но, ако продолжите ќе почувстувате олеснување, намалување на стресот и ментално олеснување. Доктор Веил ја препорачува овој метод секој ден по два пати, со цел да се усоврши и секогаш кога ќе ви затреба ќе можете да ја примените.
Што треба да направите?
– Удобно сместете се во лежечка позиција
– Затворете ги очите и длабоко вдишете низ нос. Вдишувањето да биде со полни гради, и треба да трае 4 секунди
– Потоа задржете го воздухот во белите дробови полни седум секунди. Почнете полека да го испуштате воздухот низ уста, во траење од осум секунди
– Повторете ја целата процедура „4-7-8“. Додека го правите ова можете да ги броите секундите во себе и да ги следите при тоа постапките на дишење
– Методот повторувајте го се додека не го добиете саканиот резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.