Познатата шминкерка од Австралија, Меди Каутс, решила да испроба свој сопствен режим на исхрана, познат како 28:28, дело на познатиот личен тренер Сем Вуд. Меди изгубила 5.3 килограми и 13 во обемот на струкот за помалку од еден месец.
Овој систем се однесува на 28 дена тренирање по 28 минути дневно. На почетокот таа имала 81.6 килограми, за на крајот да ја заврши диетата со 76.3 килограми. Според неа, тренинзите не биле воопшто напорни бидејќи лесно се вклопувале во секојдневните обврски, иако тренирала секој ден.
Првите пет дена таа ги следела вежбите на видео снимки, додека преостанатите 2 дена од неделата применувала од следните вежби: трчање, возење велосипед, пливање, шетање. Таа додава дека воопшто не и претставувало проблем вежбањето, бидејќи вежбите се разновидни.
Во однос на дневниот режим на исхрана, таа препорачува:
Појадок : зелено смути со чиа семки, авокадо, нане, банана и мед.
Ручек: зеленчук на скара – брокули, компири, црвена пиперка, варено јајце, бадеми, семки од тиква, авокадо и хумус.
Вечера : печен лосос со грашок и карфиол.
извор: Скопјеинфо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.