| четврток, 6 декември 2018 |

НАСА ги исполнува сoништата: Плаќа 100 илјади долари за 70 дена лежење

Многумина би сакале по цел ден да лежат и да спијат во кревет, а за тоа да бидат платени. Овие соништа на многу мал број на среќници ќе им ги исполни НАСА која повторно бара кандидати на кои ќе им биде платена сума од 100 000 долари за 70 дена без прекин да лежат во кревет.

Во моментов е отоворн повикот за кандидати кои ќе учествуваат во „Студијата за лежење во кревет“ преку која се тестира како реагираат телата на испитаниците при долгите одмори кои ги имаат астонаутите во нивните долги вселенски патувања.

Експериментот се состои од два дела, и тоа – вежбање и невежбање. Групите кои ќе вежбаат додека лежат ќе можат да користат разни алатки и игри кои ќе им помогнат да останат активни додека лежат во кревет, а оние кои нема да вежбаат ќе мораат да останат потполно мирни.

Во текот на целата студија ќе се прават тестови на коските, мускулите, срцето, крвотокот, нервниот систем и способноста телото да се избори со разни бактерии и инфекции. Звучи како работа од соништата, но би можеле ли да издржите цели 70 дена?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top