| четврток, 6 декември 2018 |

Коби не може сам, перфектни партии на Вестбрук и на Казинс (видео)

kobi brajant

Коби Брајант и покрај тоа што е на залезот на кариерата, уште една покажа дека најголемиот играч на Лејкерс во последната деценија и еден од најдобрите во историјата. Последниот натпревар што го одигра неговиот тим во Мемфис, Брајант требаше да го проследи од клупата поради воспаление на колената, но ги испочитува навивачите на домаќините и настапи на овој натпревар.
Тој одигра само две четвртини и постигна 19 поени, три асистенции и два скока, а дури 14 поени постигн во првите 10 минути од мечот, што не беше доволно за победа. Мемфис славеше со 112-96.

Денвер остана на нула против Оклахома во 2015 година, бидејќи не успеа да стигне до победата во ниту еден од четири меча. Расел Вестбрук и Кевин Дурант повторно одиграа перфкетен натпревар и двајцата беа многу блиску до тропл-дабл.
Дурант собра 26 поени, десет асистенции и пет скока, а Вестбрук 30 поени, 12 точни додавања и девет скока. Со одличната игра и на Енес Кантер (21 поени), како и на Серж Ибака (19 поени) победата не беше доведена во прашање.

НБА резултати: Мемфис – ЛА Лејкерс 112-96, Бостон – Њујорк 100-91, Оклахома – Денвер 122-112, Сакраменто – Портланд 94-98.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top