Скопската општината Аеродром денеска, на 13 април го прослави својот осми роденден.

– Успеавме да реализираме многу значајни проекти и од Аеродром да направиме модерна и современа општина. Со јасно поставени цели пред себе, со напор и труд, но и со почитување на современите стандарди, изминатите четири години успеавме да реализираме капитални проекти, истакна попладнево градоначалникот Ивица Коневски на прославата за осмиот роденден на локалната самоуправа.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски истакна дека Аеродром е една од најмладите, најперспективни и најмодерни општини која, како што рече, интензивно се развива изминатиот период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


