Државната изборна комисија доцна синоќа ги разгледа и ги одби сите 252 приговори поднесени од Социјалдемократскиот сојуз за вториот круг од локалните избори за 15 општини.

Претходно, ДИК одби и 33 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово и 60 за Центар, 16 на НДП за Гостивар, 4 на ДУИ за Студеничани и 2 на ДПА за Чаир и Врапчиште.
Одбиени беа и 15 од вкупно 17 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за општина Струга. За оваа општина беа прифатени два приговора, но бројот на гласови на овие избирачки места не влијае на конечниот исход бидејќи разликата меѓу Зијадин Села и заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владо Кочоски е околу 5.000 гласа.
По одлуките на ДИК партиите имаат право на тужба до Управниот суд на Република Македонија, чии одлуки се последни и конечни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата


