Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луис Ван Гал не се појави на тренингот на својот тим во Карингтон, ден по четвртиот пораз во низа на „црвените ѓаволи“.
Според пишувањата од Островот, Ван Гал добил забрана за контакт со првиот тим во следните 24 часа, наводно се додека и дефинитивно не се одлучи околу неговиот статус во клубот. Но, тоа се само непотврдени шпекулации.
Во негово отсуство тренингот на Манчестер јунајтед го водеше неговиот помошник Рајан Гигс. Според дел од медиумуте блиски до клубот тоа што не го водел тренингот не значи и дека е на излезна врата.
Како и да е, веќе се навестува дека Гигс ќе го наследи Ван Гал на клупата на тимот до крајот на сезоната, а потоа ќе се бара решение во зависност од неговите резултати.
Јунајтед веќе утре го очекува натпреварот со Челси од 18:30 часот на „Олд Трафорд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.