| четврток, 6 декември 2018 |

Невремето во Далас однесе осум животи, вкупно 25 жртви во САД

торнадо

Поширокото подрачје во Далас го погодија повеќе торнада кои зад себе оставија значителна материјална штета, како и осум жртви, соопштија денеска локалните власти.

Вкупниот број на жртви на бурата која доцна синоќа ги погоди јужните држави во САД, Мисисипи, Тенеси и Арканзас, за време на божиќните празници се зголеми на 25. Најмалку осум лица загинаа кога невремето го зафати густо населеното урбано подрачје кое ги опфаќа Далас и Форт Ворт, кое во исто време остана и без електрична енергија.

Градските власти на Гарланд во Тексас соопштија дека во тој град загинале пет луѓе, откако нивните возила се нашле во торнадото, како и одреден број луѓе се повредени во невремето. Торнадата, за кои локалното население наведува дека биле најмалку четири, прекинувале електроводи и соборувале столбови, по што околу 50.000 луѓе останале без струја, објави весникот „Далас морнинг њуз“. Уште три лица загинале во инциденти предизвикани од бурите во округот Колин, јужно од Далас­Форт, наведе весникот, повикувајќи се на информации од полицијата. Милиони жители на југот на САД во моментот се опоравуваат од последиците на силните бури и поплави од претходните денови, предизвикани од невообичаено топлото време за овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top