Голманот на ракометниот клуб „Металург“, Дарко Станиќ ја обнови стара повреда на ‘рбетот која досега не му создаваше проблеми. Но по натпреварот на СП 2013 помеѓу Србија, каде Станиќ е прв голман и Полска, чувствува вкочанетост во долниот дел од ‘рбетот.
-Водството на српската репрезентација прави се што може за да го оспособи голманот на „Металург“, но потребна е стручна помош од квалитетен киропрактичар. Дарко ноќта ја поминал во болоки, а денес е ослободен од сите обврски кон тимот. Се надеваме дека повредата ќе му биде квалитетно санирана и дека нема да се одрази на неговата игра – велат од „Металург“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.