Комуникациски експерти и стручни лица за креирање на стратегии кои активно учествуваат и биле дел од најголемите успеси на претседателот на САД Барак Обама, соработуваат и помагаат со свои совети околу работата на ВМРО-ДПМНЕ – велат извори за „Република“.
Според информациите до кои дојдовме, се работи за луѓе со силна репутација, и значајни достигнувања во своите кариери и важат за најдобрите во својата областа во САД, која пак е една од најнапредните држави во светот кога станува збор за водењето на кампањи и поставувањето на стратегии на одлучување.
Дел од тимот е и извршниот директор на Демократската партија на Барак Обама кој повеќе од 4 години бил на оваа позиција, и е еден од архитектите на платформата „Стратегија на педесетте држави”, која придонесе за огромни успеси во 2008 година, поставувајќи ја основата за историската победа на Обама на претседателските избори истата година.
Исто така дел од тимот е и уште еден експерт кој го советувал Обама во неколку клучни моменти, вклучувајќи ги прелиминарните избори, и особено одлучувачките чекори во победата на Обама во државата Флорида која му ја донесе и победата на претседателските избори.
Како дел од нивните достигнување и партнери за кои работеле или работат како и кампањите во кои биле вклучени се светскиот магнат Гугл, најголемиот светски настан Оскарите, понатака Националната конвенција на Америка на државни законодавци, итн. Тие се дел од тимот што ќе ја организира и води Демократската Национална конвенција во Филаделфија во 2016 година на која Демократската партија официјално ќе го номинира својот кандидат за Претседател на Америка, а биле вклучени и во организацијата и водењето на Демократската национална конвенција во Денвер во 2008 година кога беше номиниран Претседателот Обама за својот прв мандат, како и Демократската национална конвенција во Шарлот во 2012 година кога Претседателот Обама беше номиниран за својот втор мандат.
Во тимот има и повеќе лица од изборниот штаб на американскиот претседател Обама кои се смета за најдобро организиран штаб за изборите досега составен, и тие ќе соработуваат со републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ и со одговорните за медиуми и комуникации од партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ ни потврдија дека постои ваква соработка и дека се горди што соработуваат со личности од ваков калибар, професионални и истакнати личности од американската и светската политичка и стратегиско комуникациска мрежа.
Договорот со споменатите е транспарентен и објавен на американското Министерство за правда што значи дека е согласно законите на двете земји и има одобрување за негово спроведување.
Да потсетиме, СДСМ, како што објави „Република“, користи услуги на српската агенција „Рускин и Хант“, зад која стојат повеќе афери во Србија, оценувајќи ги како „продавачи на скапа магла“. Српската агенција инаку водела кампањи за политички партии во Црна Гора, како и манфестации за пикник во Белград, манифестациони базари, детски еко кампови, кампањи за граѓанско штедење, за пиво како и емисии за патување на моторџии ширум Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)