| четврток, 6 декември 2018 |

Антиќ: Да не беше татко ми, немаше да бидам тоа што сум денес! (видео)

ANTIC-FENERBAHCE-ZVEZDA

Официјалниот јутуб канал на Евролигата, направи приказна за најдобриот македонски кошаркар Перо Антиќ кој е единствениот од нашата држава кој настапил во НБА лигата со огромен успех бидејќи играше и во финалето на источната конференција со Атланта Хоукс.
Во интервијуто тој зборуваше за своите кошарарски почетоци, причините зошто почнал да тренира кошарка, но и за некои други интересени занимливи ситуации за неговото семејство.

– Мајка ми беше ракометарка, но мојот татко беше професионален кошаркар во Југославија 14 години. Играше на позиција „тројка“. Исто така, мојот брат беше кошаркар, но замина во пензија рано. Тато имаше многу освоени трофеи и медали, но тие не постојат повеќе затоа што јас и мојот брат ги користевме како играчки. Во тоа време не знаевме што се тие. Мојот татко беше многу зафатен, често патуваше, па кога ќе се вратеше, ни се обраќаше со зборовите – добро, уништивте уште еден трофеј?! Епа, извини тато, ќе ти дадам еден од моите! – вели Антиќ.

Перо Антиќ ја искористи можноста да открие како започнал да игра кошарка. Најпрвин поради другарите од маало, но откако бил откриен талентот во него, татко му Зоран одиграл главна улога форсирајќи го да продолжи активно да тренира откривајќи му ги тајните уште од времето кога и самиот бил кошаркар, но дека многу ретко го гледал од трибините додека настапувал.

– Почнав да играм со кошарка затоа што другите деца од моето маало играа. Видов дека другарите од соседството почнаа да играат, па си си реков „ајде, ако тие одат и јас ќе одам“. Ако не беше мојот татко кој ме притискаше и мотивираше да тренирам, немаше да бидам она што сум сега. Интересно е што тој има дојдено на само десет меча во кариерата затоа што е многу зафатен, јас бев две години во НБА-лигата, а тој не успеа да дојде да ме гледа – додава кошаркарот на Фенербахче.

За крај корпулентниот центар истакна дека нема да врши притисок врз неговите деца за професионално да се занимаваат со кошарка.

– Нема да ги форсирам моите деца да играат кошарка, затоа што тие би имале голем притисок во нашата земја. Знаете, на Балканот вообичаено мора да бидете подобри од вашиот татко ако играте кошарка. Мојата кариера е на пристојно ниво, тие имаат притисок уште сега – заклучи тој.

Од оваа сезона Перо Антиќ се врати во Европа каде веќе има освоено две евротитули со Олимпијакос. Сега настапува за Фнербахче под капата на најтрофејниот тренер Жељко Обрадовиќ. Во првиот дел од Евролигата со Фенребахче оствари осум победи и само два порази и убедливо се пласираше на првото место на табелата, и секако обезбеди учество во групната фаза од Топ-16 фазата.
За нешто помалку од 20 минути поминато на паркетот реализираше во просек 6.8 поени и четири скока.
Фенербаче и оваа година е еден од посериозните кандидати за освојување на насловот во Евролигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top