Иако некои медиуми објавија дека ОБСЕ констатирал дека нема услови и време за фер избори, фактите го говорат спротивното. Сепак, ОБСЕ никаде не констатира дека нема услови за одржување на избори, а лагата на опозициските медиуми само потврдува зошто им е опаднат кредибилитетот и воедно го нагласуваат стравот на опозицијата.
Новинарот Цветин Чилиманов во пост на својот ФБ профил пишува Ова е извештајот на ОБСE на кој толку се попалија во Вест и во Плусинфо?
-Во воведот, ОБСЕ викаат дека најголем дел од реформите кои ги побарале се спроведени, но некои од соговорниците (ај погодете од која партија) им плачеле дека времето до избори е премногу кусо, напиша Чилиманов.
Подолу, додава тој, во заклучоците на извештајот повторно се вели дека најголем дел од реформите се спроведени, и се дава препорака ОБСЕ да ја испрати набљудувачката мисија.
-Но, според Вест, ова е оценка на ОБСЕ(?) дека немало доволно време да се организираат избори?? Вестовци, дај држете се до известување за работи во кои се разбирате, како на пример која пејачка ставила силикони, напиша Чилиманов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.