Во пресрет на Божиќ, Белата куќа ги отвори своите врати за туристите, а декоратерите за оваа прилика вложија особен труд.
Во видеото кое што го објавија на својата официјална Фејсбук страна, можете да “прошетате” по ходниците на најпознатата куќа во САД, па можете да видите дека централната елка е накитена со боите на знамето на САД, додека Белата куќа ја “чуваат” снешковци.
Видеото на социјалните мрежи собра неколку илјади лајкови, а имаше и такви кои го нарекоа сето тоа “непотребен кич”, а коментаторите се зафркаваат и на сметка на најомразениот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
“Единствен начин Доналд Трамп да влезе во Белата куќа е како турист”, напиша еден Американец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


