| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски најави зголемување на платите и на други здравствени работници

doktori

Зголемувањето на платите за медицинските сестри кои завршија факултет со 180 кредити беше наше ветување кое го дадовме до граѓаните и сега се исполнува и порано од ветеното, истакна премиерот Никола Груевски гостувајќи во вестите на Сител.

– Во три етапи овие медицинските сестри ќе добијат нова позиција и повисока плата. Тоа беше барање на медицински сестри кои ги сретнувавме на трибините на ВМРО-ДПМНЕ. Следува и зголемување на платите на неколку категории лекари- во Итна медицинска помош зголемувањето на платите ќе биде за околу 2700 денари. Специјалисти во здравствените домови, во Центри за јавно здравје и фармацевтите специјалисти ќе добијат повисока плата за 4000 денари зголемена. Проценката беше дека откако се зголемија платите на специјалистите во клиниките и болниците останаа овие групи. Тие тоа го заслужуваат, станува збор за промена на колективен договор,
рече Груевски.

Тој најави дека владејачката партија ќе остане на своето ветување од програмата – Од Нова година минимлната плата ќе изнесува 10 800 денари, освен текстилна и кожарската дејност каде тој минималец ќе биде 9 000 денари. Според Груевски во 2018 години и тие ќе се изедначат со другите дејности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top