Посебен закон со кој ќе се овозможи овозможи лесен пристап до евтини лекови, вклучително и масло од канабис, во аптеки или специјални продавници, но и можност за сопствено одгледување за оние пациенти кои не се во состојба да ги купуваат лековите или имаат желба сами да го подготвуваат сопствениот лек, бара здружението ХОПС – опции за здрав живот.
Имајќи ги предвид медицинските ефекти на канабисот, правото на пациентите за пристап до сите форми за лекување и позитивните искуства од многу земји, ХОПС смета дека треба да се донесе посебен закон со кој ќе се регулира медицинската употреба на канабисот во Македонија – вели Влатко Деков од здружението.
Од ХОПС сметаат дека канабисот за медицинска употреба треба да биде достапен во различни форми (за пушење, вапоризирање, во капсули, за јадење или во форма на масло од канабис).
– Медицинската употреба на канабисот не треба да биде условена со конвенционалната медицинска пракса. Како организација која долги години ја следи состојбата во Македонија и трендовите во светот, подготвени сме да придонесеме во овој процес со своето искуство и експертиза – рече Деков.
Посочи дека за таа цел ги повикуваат надлежните институции да креираат простор за стручна и јавна дебата во насока на изнаоѓање најсоодветен модел за регулирање на медицинската употреба на канабис во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.