Тројцата поранешни ракометари на Металург и долгогодишни репрезентативци на Македонија, Ванчо Димовски, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои потпишаа предвремен спогодбен раскин на договорот со поранешниот шампион на Македонија, своите средства кои им ги долгува клубот ќе ги бараат пред новоформираната комисија при РФМ.
За да се реализира спогодбата меѓу тројцата ракометари и клубот од Автокоманда ќе кора да реагира комисијата за да се утврди темпото на исплата на заостанатите средства кои клубот ги должи и која треба да ги расветли и другите средства кон останатите ракометари кои предвреме си заминаа од клубот.
– Бидејќи во федерцијата немаме постоечка комисија што може адекватно да ја разреши оваа ситуација, неопходно е формирање на нова што ќе се занимава со овој конкретен проблем. По разговорите со двете страни би била донесена одлука и издаден писмен документ, што потоа тие би можеле да ги користат дополнително во разрешување на проблемот – објасни Филип Милошевски, Генерален Секретар при РФМ.
Во оваа комисија ќе се најдат Славе Секулов, кој е претседател на Арбитражната Комисија, Димитар Ристовски од Дисциплинската Комисија и Дарко Алексов како претставник на Управниот Одбор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.