Британската адвокатка Амал Клуни подготвена е да стави точка на бракот со холивудскиот срцекршач Џорџ Клуни и тоа само 15 месеци после свадбата, пишува американскиот таблоид „ОК“.
Имено госпоѓата Клуни минала неколку дена во Лондон, каде со пријателите уживала во алкохолот и ноќните излегувања, а извор кој се нашол во друштво на адвокатката открил дека Амал е незадоволна од брачниот живот и дека се почесто наоѓа утеха во алкохолот.
-Кога испи доволно алкохол почна да раскажува за својот живот и брак. Очигледно е дека не е најсреќна и се чинеше дека и олесни што Џорџ не е во нејзина близина – рекол изворот и додал дека Амал е незадоволна бидејќи нема време за себе.
-Таа сега живее во неговиот свет, а на тоа додадете го и притисокот да остане бремена, па на сите ќе им стане јасно зошто Амал е незадоволна-рекол изворот.
Исто така изворот окрил дека Амал стравува дека го изгубила работниот кредибилитет откако станала госпоѓа Клуни и дека луѓето веќе не ја земаат за сериозно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поттикнувал напад врз принцот Џорџ, па доби доживотен затвор
-
Принцот Џорџ бил на мета на џихадистите: Приврзаник на ИСИЛ од Британија призна дека ковал план за убиство на престолонаследникот
-
Паника во кралското семејство-исламистите му се закануваат на принцот Џорџ
-
Толку мал, а толку снаодлив: Како ескивира принцот Џорџ од училиште