Британските медиуми јавуваат дека британските тајни служби добиле информација дека Исламската држава подготвува напад на четиригодишниот принц Џорџ.
Синот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пред два месеца тргна во училиште и постојат сомневања дека токму училиштето би можело да биде мета на нападот.
Наводно исламистите упатиле порака во која велат дека ниту еден член на кралското семејство нема да биде сигурен.Поради тие закани училиштето овие денови е под засилено обезбедување, а родителите на сите деца се во голем страв.
„Стар он Сандеј“ пишува дека во пораката, во која е изречена заканата кон кралското семејство, била и фотографија од училиштето, а снимен е и принцот како влегува во него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поттикнувал напад врз принцот Џорџ, па доби доживотен затвор
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Џорџ бил на мета на џихадистите: Приврзаник на ИСИЛ од Британија призна дека ковал план за убиство на престолонаследникот
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц