| четврток, 6 декември 2018 |

Браќата Бабунски играа фудбал со децата бегалци во кампот во Гевгелија

babunski 1 - Copy

Двајцата браќа членови на младинската репрезентација на Македонија, Давид и Доријан Бабунски, ја остварија најавата да одиграат фудбалски натпревар во кампот за бегалци во Гевгелија. Нивната цел е преку спортот и дружбата да ја вратат за момент насмевката на децата кои се приморани да ги напуштат своите домови, и да побараат иднина во некоја од европските земји.
Давид Бабунски, членот на Барселона Б уште пред две недели организираше акција на „Камп Ноу“ и собра 70 луѓе за да собере хуманитарна помош за својата акција заедно со својот Брат.
Деновиве заедно со млади лица од неколку европски земји членови на хуманитарни организации остануваат во Гевгелија, како што велат, да помогнат колку што можат децата во овој камп што полесно да ги минат зимските денови.

babunski 2 - Copy

– Гледајќи ја новната насмевка чувствуваш како ти се проширува душата. Нашиот прв ден во кампот беше запознавање со зоната, персоналот и подготовка за нашите активности за следните денови. Кога изненадувачки моќта на фудбалот промени се, почнувајќи од предизвикување на вниманието на едно дете и завршувајќи со насмевки кај многумина од нив. Нурнати во магијата создадена од топката, која не сплоти во една заедничка цел, головите не мотивираа да споделиме радост и прегратки без важност кои сме и од каде доаѓаме. За момент успеавме да го заборавиме страдањето предизвикано од ѕверствата кои го демнеат светот – напиша Давид на својот фејсбук профил.

Неговиот брат Доријан кој сега настапува за Фуенлабрада се заблагодари на УНХЦР за приемот, како и на Фудбалската федерација на Македонија за поддршката со фудбалска опрема.

babunski

– Прв ден во кампот на бегалците во Гевгелија. Многу насмевки, фудбал и магија. Многу деца, една топка и една игра. Моќта на фудбалот не сплоти сите заедно и ни овозможи да влеземе во една зона на среќа, каде што децата за момент заборавија на страдањата и болката, на предрасудите и ситуацијата што ја доживуваат. Има многу луѓе што шепотат гласно за да бидат слушнати. И ние ќе направиме се што е во можност да помогнеме. Бескрајна благодарност до УНХЦР за поддршката и приемот, како и до ФФМ за фудбалската опрема и грижата – напиша Доријан на својот фејсбук-профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top