| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт Левандовски се сели во Јунајтед за 50 милиони фунти?!

levandovski

Тренерската смена во англискиот гигант Манчестер Јунајтед е се поочигледна по серијата лоши резултати на „црвените ѓаволи“. Луис Ван Гал не успеа со тимот да победи на последните шест натпревари, а има и три порази во низа.
Англиските медиуми се се погласни дека деновите на Холанѓанецот се одбројани, а дури се оди и дотаму дека поранешниот менаџер на Челси, Жозе Мурињо е негов наследник.
Мурињо веќе разговарал со челниците на клубот и освен своите услови тој договорил и список на имиња на нови засилувања за следната сезона.
Неефикасноста на тандемот Руни – Марсијал, кои заедно постигнаа шест погодоци сезонава, го прави ангажманот на врвен голгетер приоритет за „црвените ѓаволи“, чие раководство веќе ја истакнало и својата најголема желба, Роберт Левандовски.
Полјакот со извонредните игри сезонава го привлече вниманието и на Реал Мадрид и на ПСЖ, но „ѓаволите“ сепак веруваат дека ќе успеат да го убедат Левандовски да ја прифати токму нивната понуда. Најтрофејниот англиски клуб подготвил 50 милиони фунти како отштета за Баерн Минхен, што ќе биде „бонус“ за баварците со оглед на фактот дека Левандовски дојде на „Алијанц арена“ како слободен играч, по истекот на неговиот договор со Борусија Дортмунд.

На самиот фудбалер ќе му биде понудена плата од еден милион фунти месечно, но останува да се види дали тоа ќе биде доволно за Левандовски да си замине од Баерн и да се пресели во Манчестер јунајтед, тим што како што одминува времето е се подалеку од врвот на англискиот и на европскиот фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top