| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на аеродром во Истанбул, едно лице загина

Едно лице загина, додека друго е повредено во експлозија на аеродромот „Сабина Ѓокчен“ во Истанбул, јавија турски медиуми.

aerodrom-na-moru-turska-2252015-8

Хигиеничарката на аеродромот починала, откако се здобила со тешки повреди на главата.

Експлозијата одекнала околу два часот по полноќ, во делот каде се паркирани авионите.

Засега не се познати причините за експлозијата, по што полицијата ги зајакна безбедносните мерки на влезот во аеродромот.

Полицијата, исто така, ги проверувала возилата во близина, додека хеликоптер го надлетувал тоа подрачје, јави Анадолија.

Во областа на експлозијата немало патници, а авиосообраќајот не е загрозен, наведоа од компанијата „Пегасус“.

Полицијата ги разгледува сите можни верзии, вклучувајќи и терористички напад.

Мерките за безбедност на аеродромот се засилени, а еден хеликоптер е упатен и на аеродромот „Ататурк“.

Според првичните информации, експлозијата се случила во еден од авионите што бил паркиран, меѓутоа оваа информација се уште не е потврдена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top