| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски одби да одговори дали контактирал со осомничените за фалсификатите

oliver-spasovski-glava

Фалсификувани бугарски лични карти и пасоши на име на министри од Владата и функционери од ВМРО-ДПМНЕ, потоа фалсификувани бугарски имотни листови, монтирани фотографии, едитирани видео материјали, илјадници лажни лични карти од Република Македонија, панцири, како и преку 70.000 незаконски снимени разговори. Ова се дел од запленетите материјали пронајдени кај осомничените во случајот „Фабрика за афери”, објави Медиа Груп Македонија повикувајќи се на извори од Истрагата.

Во нивните компјутери најдени се и урнеци за банкарски трансакции од швајцарски банки, а во нив требало да се вметнат имиња и податоци на високи државни функционери и милионски суми. Тие фалсификувани урнеци секако би се испратиле до медиумите кои ги контролира опозицијата за да може да се обвинат државните функционери дека префрлале десетици милиони евра во швајцарски банки.

Техничкиот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски, претседател на СДСМ Зоран Заев, и уште неколку функционери на СДСМ имале директна комуникација со прво осомничениот од криминалната група, Захир Бекири викан Чауш – објавија повеќе медиуми. Средбите започнале во септември минатата 2014 година, а се одржувале во седиштето на СДСМ во Скопје, но постојат докази дека Оливер Спасовски лично бил во објектот на Фабриката за афери и тоа неколку пати.

Не е важно дали сум имал контакти со осомничените, важно е дека има истрага за криминал против секој што го прекршил законот. Јас имам контакти со многу лица во Македонија, но никој не ги амнестира тие за сторено кривично дејство, изјави техничкиот министер за внатрешни Оливер Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top