Ако вашата мајка имала тетка во Швајцарија со која не се слушнала со децении, можеби е време малку да се распрашате за тоа какво било нејзината финансиска состојба. Бидејќи, Швајцарија пред два дена за прв пат објави листа на неактивни банкарски сметки, на кои не се забележани никакви трансакции во изминативе 60 години, а се со цел на наследниците на тие сметки им даде можност да се јават и да ги побараат средствата.
Листата е составена од 2600 имиња на поединци и компании, наведува Швајцарската банкарска асоцијација, а пренесува Франс прес. Вкупната вредност на средствата на неактивните сметки е околу 44 милиони швајцарски франци (41 милиони евра), а на секоја сметка се наоѓаат најмалку 500 франци.
Тоа што треба да ве интересира е дека на листата на имиња има и десетина од просторите на поранешна Југославија, а се што ви е потребно за да станете милионер (или барем малку побогати) е да докажете дека сте во сродство со тоа лице.
Швајцарија на почетокот на оваа година донела закон поради кој и е објавена оваа листа. Сопствениците на сефовите или нивните роднини имаат рок од година дена да се јават и да ги подигнат парите во спротивно се оди на државната сметка.
Подетало околу оваа информација прочитајте ТУКА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.